Премиерот Зоран Заев имал телефонска средба со новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис на кој му ја честититал победата и оти очекува набрзо да се сретнат, објави Заев на Фејсбук
Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција.
Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери.
Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.
Во разговорот упатив признание и честитки за успешните демократски избори со кои Грција уште еднаш покажува дека е водечка земја во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.
Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи
Comments are closed for this post.