Вистински патриот е тој што си ја почитува својата историја, си ја вреднува и си ја чува, но гледа напред, ја користи за во иднината. Затоа што нема поважно од иднината на нашите деца и плус има пари за се во државата. Затоа има вистинска опција за овие избори-ако сме вистински патриоти, ако си ги сакаме своите деца и водиме грижа за нашата земја, нема да дозволиме земјата наша да скршне од правиот пат. Доста ни беа сокаци и криви патишта, подвлече Заев.
Се осврна и на сите мерки кои досега ги реализираше владата и вети натамошно зголемување на платите во повеќе сектори со цел доколку народот е економски силен, тогаш и државата е силна и парите се враќаат кај граѓаните.
Во своето обраќање Заев беше и самокритичен и рече дека до крај не се реализирани некои ветувања и можеби како што рече „не се сјајна власт и можеби некои функционери се дрски и безобразни, но проблемите се решаваат и се обезбедени пари за се“.
На трибината се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека до крајот на годината во Струмица ќе биде отворен новиот крак на болницата, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски потенцираше дека во мандатот на оваа влада земјоделците имаат највисоки откупни цени и субвенициите им се исплаќаат навремено.
Comments are closed for this post.