Останувам на тоа што јас го кажав после лидерската средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски. Впрочем, тој го кажа дека има проблем со Катица Јанева и со нејзиниот тим на јавни обвинители, до тука беше, до тука и јас коментирав, дали има тој проблеми со истражителите, со администрацијата тој треба да ви каже, јас немам проблем со никој од нив, ниту се сметам да бидам повикан дали имам или немам. Кој сум јас, кој е Мицкоски, кои сме сите? Ова е сериозна институција на Република Северна Македонија, и пред се се работи за нашиот државотворен аспект на поставување во формата на одлучување преку репрезенти од нашите политички партии, а тоа се пратениците“, вели премиерот Зоран Заев пред денешната средба на работните групи.
Премиерот Зоран Заев вели дека преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО не се пазар за криминал.
Законот за Јавното Обвинителство се носи со 2/3 мнозинство. И треба да се разговара за да се обезбеди тоа 2/3 мнозинство. Ако го има, ќе има нов закон за Јавно Обвинителство, ако го нема, државата продолжува да функционира со последните закони за Јавно Обвинителство. Ниту има потреба од пазар, ни па има некој потреба за да постигне некои цели преку ваквите разговори“, вели Заев.
Comments are closed for this post.