Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нова лидерска, изјави дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека има напредок. Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.
Заев вели дека има постојана комуникација меѓу претставници на работните групи и додаде дека била најавена можноста и утре тие да се состанат.
Верувам дека можеме да направиме напори, навистина не сме многу далеку, само треба да се надминеме себеси посебно во услови кога еве предметите се обезбедени и имаат своја иднина. Дајте да испратиме порака до меѓународните партнери од ЕУ дека навистина како што досега се договаравме со консензус да гласаме во Парламентот за сето она што е поврзано со реформите поврзани со ЕУ и овој закон за јавното обвинителство го договориме. Стојам на располагање целосно. Штом работните групи ќе го дадат сигналот до мене и г. Мицкоски и ние да седнеме да го договориме овој закон за јавното обвинителство, рече Заев.
Comments are closed for this post.