Дарувањето на вакцини од страна на претседателот на Србија Александар Вучиќ како да ги омекна бугарските власти, посебно министерката Захариева. Сег, таа говори за договор, за соработка, за економија. Како да го за заборавија ветото, историските претензии, присвојувањето на македонската историја….
Но, она што треба да ги заплашува македонските граѓани е најавата на премиерот Зоран Заев дека наскоро може се очекува договор со Бугарија. Искуството не учи дека секогаш кога Заев ќе направи договор со соседите тоа е на штета на Македонија. Добро се знае што е на маса во односите со Бугарија-јазикот, идентититетот, историјата.
Останува да се види кој „специјалитет“ од менито Заев е подготвен да се откаже во интерес на иднината и на Европската унија, како што милува да каже.
За таа цел, министрите за надворешни работи Османи и идната недела треба да се срртнат за да ја договорат терминот на одржување на втората меѓувладина конференција на која треба да биде усвоен Акцискиот план.
Иако власта на Заев се обидува да го релативизира тој т.н Акциски план и дека со него е предвидува да е говори за економија, културата, инфраструктурата, а не за политика и историја, јасно е дека станува збор за Анексот кој властите во Софија го доставиле во Скопје а кој беше криен.
Во него се содржани услови кои Македонија треба да ги исполни за Бугарија да дозволи почеток на преговорите со ЕУ.
Comments are closed for this post.