Премиерот Зоран Заев информираше дека по неуспешниот обид да ги собере лидерите на заедничка маса, Владата ќе предложи нов закон за СЈО до Собранието.
СЈО се интегрира во ОЈО и добива нов назив Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Новото обвинителство ќе биде водено од обвинителката Вилма Русковска, а сите обвинители кои работеа во СЈО ќе продолжат да работат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Мандатот им завршува на 15-ти септември и имаат право на реизбор. Сите предмети за кои се водат постапки пред судот ќе ги застапува новото обвинителство од фазата до кои се дојдени. Ова обвинителство ќе ги има сите гаранции за независно вршење на обвинителската функција, ќе има финансиска независнот “, рече Заев.
Тој го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ја одбил лидерската средба без аргументи и објаснување и праша дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за европска иднина и владеење на правото.
Заев очекува поддршка за новото законско решение во Собранието и од опозицијата. Рече дека во новиот закон кој го предлагаат се вметнати сите забелешки за кој е постигнат договор со опозицијаат досега.
„Со месеци пробуваме со искрен дијалог со нив од наша страна да постигнеме компромис за СЈО“, вели Заев.
Comments are closed for this post.