Пратеникот Антонио Милошоски повикувајќи се на дипломатски извори во МНР открива кој е предлогот на Бугарија за Гоце Делчев. Дефиницијата е “Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.
Според Милошоски, ова е една од причините зошто Заев бега од лидерска средба за позициите на Македонија во врска со односите со Бугарија.
Comments are closed for this post.