Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги потврди очекувањата дека кинеските вакцини од компанијата „Синофарм“ ќе стигнат до крајот на месецов. На тоа, според него, се преземаат чекори од денеска со оглед дека е прв работен ден по Кинеската нова година.

Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот, до крајот на идната недела. Денеска е прв работен ден после Кинеска нова година, нашата амбасада и кинеската амбасада тука, како и компаниите кои помагаат со ’Синофарм‘, мислам дека денеска ги прават првите чекори. Знаете дека парите се платени од нашата држава, сето тоа ги отвори следните чекори околу транспортот, патувањето, осигурувањето, гаранциите кои мора да се обезбедат. Верувам дека следните денови ќе имаме сериозен интензитет за да ги додржиме датумите до крајот на месецот, рече Заев.