ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата бараа да седнат и да разговараат со позицијата за клучните прашања, меѓусебно, не преку медиумите, , истакна вечерва на Алсат М телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него треба да седнат релевантните политички субјекти во државата на ден, два, три и да се договорат околу клучните прашања, а тоа се справување со пандемијата, преговорите со Бугарија, како до подобра економска состојба – каде што постои буквално цунами, па и за образованието

Ајде да зборуваме меѓусебно, отворено како ние како опозиција можеме да допринесеме за интересите на државата, од друга страна власта нека ги сподели со нас сите информации што ги поседува, што направиле до сега поврзано со клучните прашања, вели Мицкоски.

Замислете, продолжи тој, излегува вчера премиерот, па јас сум згранат како педагог и вели повеќе од 90 проценти од учениците следат настава.

Што значи тоа? Тоа значи дека 10 проценти не ја следат. А тоа значи дека повеќе од 20 илјади ученици во овој момент не ја следат наставата, а полугодието заврши. Што е најстрашно, ни еден медиум тоа не го цитираше. Не постои медиум кој ова го цитираше во државата. Повеќе од 20 илјади деца поминаа тримесечен образован циклус без да добијат знаење. Тоа го кажува премиерот на државата. Па тоа е скандалозно. За тоа се менува министер. А ние молчиме. Медиумски молк, рече Мицкоски.