Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека утре во 14.30 часот во Собранието ќе биде поднесена иницјатива за гласање недоверба на актуелната Влада.
Пред средбата со избраните градоначалници, Мицкоски рече дека прво ќе се почека премиерот Зоран Заев да го исполни ветувањето и да ја достави најавената оставка.
Тој тврди дека е стабилно новоформирано мнозинство од 61 пратеник и вели дека Скендер Реџепи, пратеникот од Алтернатива, за кого вчера неофицијално објавија некои медиуми дека нема да гласа за недоверба на Владата, е нестпрлив да падне „оваа корумпирана влада“. Мицкоски ги повика и останатите 59 пратеници да му се придружат на новото мнозинство.
Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба. Тука не постои политичка партија, туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговорајќи на новинарски прашања.
Comments are closed for this post.