Владата и досега помагала, има обновено голем дел од противпожарните единици, има многу нови возила, но и најголем дел се со застарена механизација, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата. Тој е убеден дека државата ќе се справи со пожарот и ќе биде комплетно локализиран. Најави продолжување и понатаму со уште поинтензивно темпо да се набавуваат средства, машини, противпожарни возила, се што им треба на пожарникарите.
Конечно пожарникарите се решени минатата година со соодветните примања. Поминаа внатрешни работи, Министерство за одбрана и тие се веќе решени, така што соодветно се платени пожарникарите во која било противпожарна единица во државата. Комплименти за сите оние општини коишто ги наградија овие денови самите пожарникари заради тоа што навистина некои имаат непрекинати часови повеќе од ден, два, три коишто се на терен и навистина заслужуваат. Јас реков, тие се нашите херои – заедно пожарникарите, Армијата, полицијата, ЦУК, ДЗС, но и локалното население како и голем ата благодарност до пријателските земји што помогнаа, рече Заев.
Comments are closed for this post.