Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.
Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук.
Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме…
Posted by Zoran Zaev on Tuesday, April 30, 2019
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон влера ја пофалија Северна Македонија и Владата за напорите да се реши догогодишниот спор за името со Грција.
Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел.
Макрон рече дека со Преспанскиот договор се доказ дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност
Comments are closed for this post.