Зоран Заев и неговата влада за да ја сокријат неспособноста сега се правдаат со лажни соопштенија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија. Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем. Двајцата под итно и нивниот криминален картел треба да си заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.