Во Клубот на пратениците во Скопје за денеска во 14 часот е закажана нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.
Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.
Средба ќе има денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, во ист формат како и претходниот пат . И овој пат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, велат од Владата.
Comments are closed for this post.