Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, по повод Меѓународниот ден на Ромите упатија заедничка видео порака до сите граѓани од ромската заедница со честитки за празникот, со кој се слават уникатната традиција и култура на Ромите, како значаен дел од светското културно наследство.

Премиерот Заев, во својот дел од пораката и честитките повикува сите граѓани на нашата земја, да бидат активни и одговорни во придонесот кон создавањето еднакво праведно општество за сите, и држава која вложува во своите луѓе, држава која е дел од глобалниот демократски свет.

Заедно работиме за едноставен пристап до квалитетни социјални услуги, до широки можности за образование и за вработување, за сеопфатно учество на граѓаните од ромската заедница. За оваа интеграција обезбедивме посебни финансии од централниот буџет и од донаторите, за квалитетно вклучување на Ромите во сите процеси на нашето општество“, вели во видео честитката по повод 8 април – Меѓународен ден на Ромите, претседателот на Владата.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш во оваа заедничка честитка до ромската заедница по повод празникот истакнува дека денеска, кога Ромите го прославуваат денот на својата химна, знаме и јазик, и кога гордо ги промовираат својата култура и традиција, општината продолжува понатаму да обезбедува достоинствен живот за сите.