Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.
„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!“ напиша Заев на Фејсбук.
Тој претходно на Фејсбук ги повика пријателите во Европа да гласаат за нашата претставничка.
Comments are closed for this post.