Горд сум на нашата Војска, заради тоа што демонстрираше денеска, пред нас, високите претставници на извршната власт, во присуство на Претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности кои што се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси, кои што секаде НАТО ги има во светот, истакна денеска премиерот Заев.
Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Знам, дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија. Дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација, полноправното членство во НАТО и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани. За траен мир, за никогаш повеќе да нема војна, за стабилност, сигурност, но и да го гарантира чувството дека навистина и надвор од територијата на Република Северна Македонија го гарантираме мирот и безбедноста на сите граѓани на светот“-рече Заев
Comments are closed for this post.