Се сеќавате изјавата на Зоран Заев дадена во период кога на големо го распродаваше името на Грците. Овие предилинденски пет минути му ги посветуваме на несудениот нобеловец родум од село Муртино.

Да, Зоки беше спремен да ја води земјата до името Републка Илинденска Македонија и тоа за севкупна употреба. Нема врска, тоа беше уште еден трик на оние кои вистински ги водеа преговорите со Грција, втората страна т.е ние  да се согласиме  со т.н ерга омнес, бидејќи дотогаш се преговараше за едно име кое ќе го избере Грција и  кое ќе биде за меѓународна употреба,  а за дома да си останеме Република Македонија. Ама Зоки , каков што го дал господ си рекол еве кој ќе има против  име кое ќе го содржи најголемиот празник на Македонскиот народ. Се разбира дека веднаш скокнаа и од Грција и од Бугарија, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

 

Бугарите ни порачаа дека тоа востание не било Илинденско туку Преображенско а Грците си ја исполнија целта и ни ја тутнаа Северна и за домашна употреба. А Зоки денес лабаво си тера бизниси во Дубаи и ич не му чуе. Таков трговец еднаш се раѓа.

 

Братот на Заев и љубовта на Пендаровски се пофали дека лично работел на бришењето на македонскиот јазик  идентитет од резолуцијата  на Европскиот парламент.

Не за џабе се вели брат брата не рани тешко му кој го нема. Со вакви браќа не ни се потребни непријатели

Поранешната пратеничка Лиле Поповска го даде на Уствавен суд протоколот од 2022 година кој го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска.

 

Поповска во инцијативата објаснува дека  Протоколот е практично нелегален документ кој ја става Македонија во подредена положба, не е изласан во Собранието ниту е објавен во Службен весник.

Дополнително, докумементот задира во македонската историја, нација, идентиет.       Какви се обврските на Бугарија-никакви.

Бујар без никого да праша се согласил да ги стави Бугарите во Устав иако знаел и тогаш и сега дека е невозможно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, не е само тоа, Бујар се согласил историската комисија да ги заврши разговорите за историските настани и личности до влезот на Македонија во ЕУ.

А таму е и Илинденското востание и Гоце Делчев. И како ќе решиме тоа. Па нормално ќе прифатиме дека тоа е Преображенско и се разбира бугарско а Гоце дека е Бугарин.  Па браво, Бујар, кандидату за градоначалник на Чаир. Уставни судии, вие можете да бидете хероите на Македонија, од вас зависи.

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска виде не виде си поднесе оставка. Не одеше Тања од сабаје да оди на работа и да се бори против корупцијата а попладне да оди на судење за корупција. Звучи смешно ама вистинито.  Тања сега намира ќе може да се сети што се му пишувала на својот пријател на вибер и ватсап, обвинет во случајот Адитив.

Каков тажен крај на новата Катица Јанева.  Значи не ни оди со оваа корупцискава комисија. Дај бе укинете ја, што ќар од неа, кога за ниту еден случај што го покренале нема обвинение или недај боже пресуда. А и платите од 2000 евра може да се искористат за многу попаметни работи-да речеме во обнова на келиите во Идризово. Ќе им се најдат сигурно, koментира авторот.

 

Македонија беше домаќин на Младинскки европски олимписки игри наречени ЕМОФ. Прво знае некој што е ЕМОФ?  Ова е убедливо најлошо организран спортски настан.

Млади спортисти  одат пешки по сонцево, немаат превоз, на една и паѓа таванот од тоалетот, велосипедисти ги собира шофер на улица. Повредените се уверија и во условите во нашите болници. Прекрасна реклама за Македонија.