Премиерот Зоран Заев ја откажа посетата на Виена во понеделник на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој требаше да присуствува на работен доручек со премиерите од Западен Балкан, но како што објави Танјуг, тоа нема да се случи заради внатрешно-политичките проблеми.
На состанокот ќе присуствуваат премиерката на Србија Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, на Црна Гора Душко Марковиќ, претседавачот на Советот на минитри на БиХ Денис Звиздиќ и шефот на косовската влада Рамуш Харадинај.
Исто така на состанокот ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханс Хан и за дигитално стопанство Мирија Габриел.
Најавено е дека ќе биде разговарано за три теми. Најпрво за европската перспектива на Западен Балкан, за регионалната соработка и билатералните конфликти.
Comments are closed for this post.