Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев деновиве е во САД. Оваа информација ќе поминеше незабележително ако тој, како што го дал господ не се пофалеше каде па дури и испраќаше политички пораки за случувањата во Македонија.
Организатор на патувањето на Заев во САД е организаијата „Center Power Academy“ . Oва веројатно ништо не ви значи но кога ќе се каже Canvas одма станува појасно. Канвас е идејниот творец, организаторот на Шарената Револуција која беше организатор на протестите во 2015 и 2016 година против ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев беше постојан говорник на протесите на Шарените, а која е крајната цел на повикувањето на Заев сега во САД останува да видиме.
Главен на Канвас е Србинот Срѓа Поповиќ. Тој сѐ работи по книга како што е книгата „Мустра за револуција“ чии е автор токму Поповиќ.
Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ.
Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија во деведесеттите, Украина, Сирија, Египет, Тунис.
Крајната цел на КАНВАС во овие револуции е да се симне легално избраната власт, а да се донесе т.н. продемократска влада, која би била марионета на Западот.
Comments are closed for this post.