Премиерот Зоран Заев утре на владина седница ќе ја потврди својата намера за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни административци“.
Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата – рече Заев.
Comments are closed for this post.