Должни сме да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денес сме повторно пред историски избор: оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја – егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО и во ЕУ.
Ова го нагласи премиерот Зоран Заев на вечерашното заедничко, прво прославување на 11 Октомври, Денот на почетокот на народното антифашистичко востание на двата града Прилеп и Куманово пред Меморијалниот музеј во Прилеп „11 Октомври“, некогашниот Участак каде почнале виорните историски настани 1941-та.
Comments are closed for this post.