Премиерот Зоран Заев не смета дека ја манипулирал јавноста околу датумот за преговори бидејќи тоа пишувало во извештајот на ЕК во 2018 година.Според него, услов било да ги исполниме неколкуте обврски што било и направено.

Сегашниот извештај кажува стопроцентно исполнување но Европската унија не донесе одлука и рекоа зошто-заради нивни технички причини, објасни вчера премиерот.