Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ упати неколку прашања до Зоран Заев откако тој ги обвини земјите од регионот за тоа како дозволиле Груевски да избега преку нивите територии во Унгарија.
Kако пријателска Македонија дозволи Груевски да ја напушти Македонија.Тоа не е обврска на нашата туку на неговата земја. Груевски низ Црна Гора помина на законски начин на основа на личните документи што ги имаше. Влезе во Црна Гора а потоа и во Србија. Во тој момент според податоците со кои располагаше Црна Гора за Груевски немаше распишано потерница ниту имаше интерес од Македонија. Нека мојот пријател Заев позанимава со тоа зошто навреме не распишале потерница за Груевски и како влегол во земја членка на ЕУ без пасош. Тоа не е прашање што треба да и се постави на Црна Гора-објасни Марковиќ.
Comments are closed for this post.