Честито мој пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа, напиша на Твитер македонскиот премиер Зоран Заев, по гласањето во грчкиот парламент со што се заокружи Договорот од Преспа.