Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека без ДУИ имаат 58 пратеници.
Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки. Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири е сериозна функција во партијата, а секако и во државата преку пратеничкиот мандат. Вредно е да се разгледаат сите аргументи и од Зеќири, како и од сите други пратеници, да ги слушнеме и нашите партнери ДУИ за да можеме на крајот да донесеме заклучоци, изјави вечерва Заев.
Comments are closed for this post.