Криминалниот картел и аболоцираниот Заев бегаат од предвремени парламентарни избори затоа што се плашат од сопствениот народ. СДСМ и Заев се плашат да се соочат со граѓаните на Република Македонија поради сите порази и понижувања кои им ги приредија. Заев бега од избори затоа што тргна спротивно волјата на граѓаните и насилнички по пат на закани и уцени го промени името на Република Македонија, се откажа од македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на интервјуто на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев бега од избори затоа што ја поларизира Македонија, а нашето општество е поделено како никогаш досега поради погрешните политики на Заев и неуставниот закон за јазици

“Заев бега од избори и поради економскиот пустош кој го донесе. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, трошоците за живот се зголемени, а државниот и јавниот долг вртоглаво растат.Додека државата е на економското дно, функционерите од власта се грижат како да се дограбат до нов тендер и грант или како да ги вработат најблиските во државните институции. Нема повисоки плати за граѓаните, нема повисоки пензии, нема повисоки стипендии, но има повисоки даноци, повисока корупција и повисоки плати за вицепремиерите.“

-Животот кој го ветуваа се претвори во беда, црнила насекаде. Власта не е способна да оствари ниту едно ветување, па дури ни чист воздух кој толку многу го ветуваа. ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на патот заедно со народот, патот на правдината и патот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува, тоа и го остварува и граѓаните тоа го знаат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Токму затоа Зоран Заев и СДСМ се плашат да излезат на предвремени парламентарни избори. Се плашат да се соочат со ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ. Граѓаните не смее да продолжат да живеат во оваа беда и црнила кои ги донесе СДСМ. Граѓаните заслужуваат подобра иднина за себе и за своите деца. Затоа се неопходни предвремени парламентарни избори, за овој криминален картел да падне, за да може Македонија да напредува.“