Политичка и професионална одговорност од функционерите по вчерашните укажувања од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања, побара денеска премиерот Зоран Заев.

Тој ги повика лицата кои биле вработени на тој начин итно да се повлечат.

Заев потенцираше дека Антикорупциската комисија покажала дека е систем и оти конечно имаме систем што функционира без оглед дали тоа им се допаѓа на политичарите или не.

Секако секој има право на жалба, на коментар. Тоа е владеење на правото. Она што е важно е дека конечно имамем систем што функционира. Тоа може на нас политичарите да ни се допаѓа или не, Антикорупциска докажа дека е систем. Таму има конкретни коментари каде нема непотизам,  а имаме и конкретни коментари каде што имало влијание за непотизам. Оттука барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив, рече Заев.

Како што нагласи до 5-ти мај не може да разрешува министри затоа што има законска забрана.

Поради тоа велам дека барам професионална и политичка одговорност. До 5-ти мај има забрана за разрешување и именување“, изјави Заев пред почетокот на дебатата.