„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.
Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“.
Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава.
Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници.
Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.
Comments are closed for this post.