За Петре Шилегов нема ништо спорно што здружението „Плоштад слобода“, чиј основач е Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот доби 180 илјади денари од градот за младински проект.
Шилегов изјави дека неговиот шеф на кабинет немал влијание на одлуката на градот, ниту пак влијание врз одлуката на комисијата. Потврди дека бил дел од раководните структури на здружението но дека е повлечен во моментот кога станал шеф на кабинетот.
Никола Наумоски во Централниот регистар стои како основач на „Плоштад слобода“. Тој до 2017 година бил и директор на здружението кога се изземал од функцијата. Во октомври истата година Наумоски стана шеф на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.
Здружението „Плоштад слобода“ парите ги добило во конкуренција од 411 проекти што пристигнале во Градот, од кои 180 биле одбиени.
Comments are closed for this post.