Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје отстранети се 188 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ова јавно претпријатие на општината.
Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17 до 22 декември 2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.
ПОЦ апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места, со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Comments are closed for this post.