Ако господ ми даде здравје сакам да го изградам тој старски дом затоа што тоа недостасува на Битола- ги цитараше зборовите на Силјан Мицевски обвинетиот Бојан Јовановски на денешните завршни зборови за случајот Меѓународен сојуз.

Според него, вакви проекти требало да се направат во Скопје и Охрид, но по инцијатива на Мицевски се дошло до идеја да се гради и во Битола и тоа на негова приватна локација, што тој веќе ја имал наменета за градање станови.

-Мицевски доби право да изгради ваков центар во Битола и Охрид. Договорот го потпишаа самосвесно и со вредноста која беше за фалење, а не за криење, објасни Јовановски.

Боки тврди дека Тодоровска и Агапи Дика лажеле кога тврделе дека не ја знаеле содржината на договорот.

-Договорот со ГП “Пелистер“, Меѓународен сојуз тргна да го реализира веднаш во предвидените рокови, потсетува Боки.

Тој вели дека како можел некој да поверува дека може да ги измами Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.

-Амзоски лично изјави дека го исклучувал телевизорот кога ќе ме видел и дека ми дал пари само поради Александар Кирацовски. За тие 350.000 евра знаеја тројца политичари, а тоа се Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стефан Богоев, тврдеше Јовановски.