Српскиот претседател Алекандар Вучиќ денеска изјави дека „нема ништо против” средбите на лидерите на опозицијата во Србија со странски високи претставници.
Немам ништо против тоа. Тој се виде и со Сандуловиќ, тоа е веројатно истото друштво… Имаше уште некои контроверзни бизнисмени таму на вечерата. Но, тоа е се во ред, нормално… Се состануваат претставници на власта со опозицијата, власт со власта… што е тука чудно сега, сè е во ред, изјави Вучиќ запрашан да ја коментира средбата на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас со премиерот Зоран Заев, како и за тоа „дали Скопје е станат нов центар за уривање на неговата власт“.
Одговарајќи на повеќе новинарски прашања, Вучиќ истакна дека проблемот е во тоа што Ѓилас најави формирање на партија од социјалдемократска ориентација, што, како што оцени, е цинизам.
Каде токму баш ти, кој цинизам… Ти кој имаше 500 милиони евра приходи, најлошиот капиталист и тајкун, ги уништивте работниците, ограбивте фабрики и сега ќе формирате социјалдемократска партија, изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.