Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.
Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења, се вели во соопштението на Врховниот суд.
Оттаму посочуваат дека во Судот се примени и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница.
Comments are closed for this post.