Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА

14.03.2025 / 16:38

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива позиција: се додека сме дел од владата, законот за “бранители“ нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОНА. Секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост.

Во континуираните напори за извртување на фактите и создавање забуна во јавноста, СДСМ продолжува со неоснованите дезинформации. Нема прекршување на Деловникот на Собранието од страна на нашата пратеничка, Имарлие Салиу-Фетаи.
Потсетуваме дека г-ѓа. Салиу-Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјални работи, млади и демографија. Таа едноставно водеше точка од дневниот ред на Комисијата, за што доби овластување од претседателот на Собранието, согласно член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Така, г-ѓа. Салиу-Фетаи постапил целосно почитувајќи ги законските процедури и нема основа за тврдењата на СДСМ.

Јасно е дека преку овие постапки СДСМ и Оливер Спасовски се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавното мислење. Законот кој денеска го изгласа Комисијата се однесува на зголемување на пензиите, директно подобрување на животот на граѓаните. Реакцијата на СДСМ и Спасовски е отворен обид да се блокира ова покачување и да се избегне расправата за конкретни поволности за пензионерите. Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи оваа измамничка стратегија да ги прикрие вистинските проблеми со кои се соочува државата и нејзините граѓани.
Коалицијата ВЛЕН останува посветена на транспарентноста, почитувањето на законите и заштитата на интересите на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

пред 5 часа
Македонија

Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно

пред 10 часа
Македонија

„Бранкојавленије“ пред избори (ФОТО)

пред 11 часа
Македонија

Нови секси разговори на Дехари: Вработена во општината ја нарече к…ва од Зајас, за кичевчани вели дека се будали

пред 11 часа
Македонија

Дехари од ДУИ во секс скандал (ВИДЕО)

пред 14 часа
Македонија

Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

пред 14 часа
Македонија

ДУИ полни „швицарски“ авиони да гласаат за албанско Кичево

пред 17 часа
Македонија

„Moстот на Шилегов“ кој не излегува никаде треба да биде готов за половина година

пред 1 ден
Македонија

Како фирми блиски до Заеви се богателе од икопот на јаглен во РЕК Битола

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: ДУИ ќе бидат непријатно изненадени на изборите

пред 2 дена