Седуммесечно бебе, едногодишно дете и еден возрасен се наоѓаат во сериозна здравствена состојба поради заболеност од морбили. Тројцата пациенти, коишто се примени на Инфективната клиника, не можат самостојно да дишат, бидејќи вирусот ги нападнал и нивните бели дробови, поради што се приклучени на апарати за дишење.
Како што објаснуваат лекарите од клиниката, поради заразеноста од морбили, трите пациенти се разболеле и од потешка форма на пневмонија, што е честа компликација во вакви случаи.
На Клиниката викендов биле регистрирани 18 новозаразени со мали сипаници. Освен од Скопје, има заболени и од Куманово, Кичево, Струга… Половина од нив се задржани на болничко лекување.
На клиниката, во моментов со морбили се лекува 31 пациент.
Comments are closed for this post.