Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај „Млечен ресторан“, при што усмрти 32-годишник, а неговата бремена сопруга ја повреди, поради што го загуби детето, ќе оди во затвор. Ова го потврди министерот за правда Бојан Маричиќ вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Васил Чорбаџиев ја предизвика сообраќајката на 12.10.2018 година, и доби условна казна, а сега истата е заменета со казна затвор од две години.

Во септември судот и обвинителството се сложија дека делото било од небрежност, а не со умисла.

Оштетената Наташа Апостоловска, сопруга на возачот кој загина во сообраќајката, поднесе преставки за работата на судијката Елена Јосифовиќ и обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевски, до Судскиот совер и Советот на јавни обвинители, но одговорност не беше утврдена.

Тогаш според соопштението на обвинителството, поважно било што Чорбаџиев минал на црвено светло, од што свртел на знак забрането вртење лево, а семафорот е исклучиво за пешаци.

Судот му изрекол условна казна затоа што обвиниетиот признал вина.