Водата во делчевското село Ѕвегор е неисправна за пиење. Анализите направени на чешмата од селскиот водовод во село Ѕвегор покажала бактериолошка неисправност исто како и онаа во т.н. Чешма џамија во село Вирче и водоводната чешма во село Град.
Со предупредување до жителите на село Ѕвегор околу неисправноста на водата излегоа од Центарот за јавно здравје.
– Ги известуваме жителите на село Ѕвегор дека водата од селскиот водовод не е исправна за пиење. Согласно резултатите од направените анализи на водата, истата не одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа која покажува зголемен број колиформни бактерии, присуство на ентеропатогени бактерии ентерококи, псеудомонас аерогиноза, ешерихија коли, а одговара на физичко-хемиската анализа. Поради ова препорачуваме водата да не се користи, ниту за пиење ниту за одржување лична хигиена и подготвување храна, се вели во информацијата од ЈЗУ Јавно здравје Кочани.
Согласно препораките од епидемиолозите веќе се врши хлорирање и друг третман на водата, додека ЈЗУ ПЕ-Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ преземаат соодветни мерки, согласно со препораките од ЈЗУ “Јавно здравје” Кочани.
Comments are closed for this post.