Последните случувања во Собранието ќе донесат и промени во делувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Намалувањето бројката на пратеници најпрво од оние од коалицијата кои сега се дел од владејачкото мнозинство, но и најновите осуммина кои во иднина ќе делуваат како независни, ја приудија партија да ги збие редовите.
Па така, наместо десетте пратенички групи,ВМРО-ДПМНЕ ќе има само една група која треба да биде силна и да настапува сложно во Законодавниот дом. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ има 39 пратеници во Собранието
Собраниски извори за Пресинг Тв потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе делува како една група, а пак извори во партијата откриваат дека Драган Данев најверојатно нема повеќе да биде координатор, туку дека ќе се избере нов.
Според Деловникот, пратеничка група можат да формираат најмалку пет пратеници кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии.
Лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на некој начин и ги потврди овие информации.Тој во интервју за мкд.мк нагласи дека партијата затвора едно поглавје, и отвора друго.
ВМРО-ДПМНЕ врти нов лист, ново поглавје во своето работење и се ослободува од она што било напластувано изминатите години, и силно се посветува кон уривање на оваа власт која нанесува огромна штета, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласува дека партијата ќе оди напред преку обединување на сите сили во државата, правење на македонска платформа која ќе ги соедини силите кои можат да направат исчекори во сите полиња и области
Comments are closed for this post.