Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција истакнаа дека има експлозија на вирусот, како кај нас, така и во Светот, но во моментов нема да се побараат сместувачки места во приватните клиники.
Иако работиме под голем притисок, сепак здравствените работници се ангажирани, вложуваат значителни напори во спречувањето на кризата. Со новите капацитети кои ќе бидат вклучени во битката со ковид-19, мислам дека ќе можеме да одговориме на предизвикот. Сметам дека во овој момент не е потребно вклучување на приватните клиники – истакна Филипче.
Comments are closed for this post.