Во Охрид ќе има и втор круг за избор на градоначалник. Според првичните неофицијални резултати, д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 12.409 гласови, д-р Митре Милошески од ВМРО-ДПМНЕ 9.606 гласови, Стевче Стевоски од партијата Демократи 971, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ 1.551 и Џемал Мена од партијата БЕСА 484.
Во Охрид се избира нов градоначалник по ненадејната смрт на професор д-р Јован Стојаниски, чиј заменик беше сегашниот кандидат д-р Константин Георгиески.
Comments are closed for this post.