Mедицинска опрема за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје донираат Асоцијацијата Алзас – Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Алзас, Република Франција.
Станува збор за донирање колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење и болничка опрема.
Примопредавањето на донацијата е во рамки на акцијата, што ја спроведуваат овие две организации кои вчера донираа медицински помагала и опрема во ЈЗУ Здравствен дом во Велес и во Болницата за белодробни заболувања во Јасеново.
Акцијата за донација на опремата се одвива во патнерство со фондацијата „Фокус“ – Велес, Општина Велес и хуманитарната организација „House of hope – Ленче Здравкин“.
Comments are closed for this post.