Полицијата приведе и задржа 19 женски лица, кои биле ангажирани за да ги забавуваат гостите во кафена во Неготино – Полошко
Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници од Полициско одделение Галате, ја спровеле акцијата утрово од 1 до 3 часот во угостителскиот објект „Алпа Маре“, сопственост Ф.Т (50) од Неготино – Полошко.
При контролата, во објектот биле затекнати 19 женски лица, на возраст од 21 до 37 години, кои како пеајчки и танчерки ги забавувале гостите.Tие се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот – информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Покрај нив, лишени од слобода се и сопственикот на објектот, М.С. (36) и Х.А.(32) од Неготино – Полошко, кои ги попречувале полициските службеници во спроведувањето на акциската контрола.
Comments are closed for this post.