Талат Џафери викендов присустуваше на партски настан на ДУИ. Оваа вест би била нормална доколку тој беше обичен член на владејачката партија.Но тој е претседател на Собранието па јавноста беше збунета во чија функција беше беше Џафери во Гостивар?.
На однесувањето на Џафери реагираше и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој смета дека Џафери грубо го крши Уставот бидејќи функцијата претседател на Собранието е неспоива со друга.
Дали сме сведоци на ново грубо кршење на Уставот од страна на Талат Џафери?
Според член 67, став 3 од Уставот:
“Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”.
Дали Талат Џафери на Информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар, во средното техничко училиште, присуствуваше како
– член на Централниот одбор на ДУИ или
– како претседател на Собранието?
Талат Џафери мора да даде одговор во кое својство присуствува на партиски настан ДУИ.
Уставот мора да се почитува и спроведува како што треба.
Тој е еднаков за сите граѓани без исклучок.
Comments are closed for this post.