Потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител каде што зборуваше и актуелната политичка ситуација во Бугарија која што веќе трета година по ред им се случуваат седми неуспешни парламентарни избори, при што политичките актери за да ги покријат своите неуспеси ја мешаат Македонија.
Николоски посочи дека во Бугарија апсолутно имаат со кого да раговараат, ама тоа не се овие дваесет луѓе кои што предизвикуваат проблеми и за Македонија од кои десет се политичари кои што тонат и десет се историчари кои што не можат да се пронајдат сами себе.
Николоски истакна дека ќе има нови ветришта во бугарската политика, дефинитивно, затоа што седум неисполнети и неуспешни изборни циклуси многу кажуваат.
Осврнувајќи се на писанијата што врвни интелектуалци од Бугарија ги пишуваат во колумни, Николоски истакна дека Бугарија има премиер на кој што народот името не му го знае.
„Тој што сака, ако може и овие избори да не успеат за да остане уште малце премиер. Тоа си е негов проблем, но немој да не злоупотребува нас, немој да ја злоупотребува Македонија, немој да ни прави нас, како држава, проблеми за да остане уште некој ден премиер. Блокираа цела држава, цел народ на патот кон Европската Унија само заради внатрешни политички прашања. Недозволиво е тоа. Ние многу јасно знаееме и кој сме и што сме. Знаеме дека сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик, имаме своја засебна ултура, историја. Тоа е тоа, нема померување од таа работа. Ние не им кажуваме на нив кој се и никоша не сме имале таква амбиција, но оваа амбиција да ни кажуваат кои сме, каков јазик зборуваме, каква историја имаме, на крај сега и политичари да ни бираат, ги поминува сите граници на пристојност“, рече Николоски.
Comments are closed for this post.