Безбедноста на патиштата во Македонија се зголемува, а тоа најдобро се гледа според намалувањето на бројките на жртви во сообраќајни несреќи. Како што покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) во Македонија има намалување на загубените животи во сообраќајот за 20 отсто во однос на минатата година.
Така, ако лани имало повеќе од 150 жртви во сообраќајки, за годинава што изминува таа бројка нема да надмине 130, велат од РСБСП.
Дополнителен показател за значителното зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и на свеста кај возачите, е тоа што бројката на загинати во сообраќајни несеќи во 2018 е најмала во последните десет години.
Како што велат од РСБСП, особена промена има во однос на последните пет години, односно годинава има речиси половина помалку жртви во однос на 2014 година.
Comments are closed for this post.