Иако за семејниот живот на Али Ахмети речиси не се знае ништо, едно име секако се врзува за него. Тоа е Шкумбин Ахмети, кој од неодамна е впишан како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во Зајас „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, објави Фактор.
Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.
Шкумбин е син на Али, за кого јавноста не знае ништо освен дека дипломирал архитектура на тетовскиот универзитет и не се занимава со политика.
Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати.
Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“.
Со наслов „Казината и молзењето на луѓето”, Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:
● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….
Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”. Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.
Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.
Comments are closed for this post.