ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае дека на фер избори ќе биде поразен

11.02.2019 / 10:20


Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните. Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине. Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот. Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија. Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето’’. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субвенции, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.

-Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата? Дали можеби  клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада? Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а  за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ. Предвремените парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој сме сигурни дека СДСМ го припрема со оглед на начинот на кој што беше спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година. Техничката влада ќе ги спречи ,,брзите’’ гласачи кои ,,гласаат’’  на секои 2,4 секунди, полнењето на кутии и поткупот на гласачи и секаков вид на изборни нерегуларности во очи на претседателските избори и на денот на изборите, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мајката на Мбапе: Mojoт син вози Пежо 206 за да види како живее обичниот човек

пред 18 часа
Македонија

Ова се „Швајцарците“ што го оставија куферот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

пред 19 часа
Македонија

Лукровски: Карпош покажа сила, срце и единство

пред 19 часа
Македонија

„Дали сте за независна држава Мала Речица со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Албанија“

пред 23 часа
Македонија

Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори, но вели ќе се водат од државните, а не од политички интереси

пред 2 дена
Македонија

Лукровски: Ќе воспоставам систем во кој чистотата ќе стане брендот за Карпош

пред 2 дена
Македонија

Стефановски: Раководството на СДСМ е заложник на бугарските тајни служби

пред 2 дена
Македонија

Османи призна дека Чаир 20 години се водел без план од страна на градоначалниците од ДУИ

пред 2 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Aмерикански пури и бугарско куферче

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски испрати порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија

пред 2 дена