Зоран Заев бесрамно ги лаже граѓаните на Република Македонија за да го испере сопствениот срам и криминал. Република Македонија и нејзината меѓународна репутација станаа жртва на неспособноста, корупцијата и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговиот криминален картел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев ја засрами Република Македонија пред целиот свет и докажа дека толку е несериозен што секој може од него да извлече стратешка информација за државата или телефонски број од странски државник. Тој исто така призна дека ја излажа македонската јавност кога лажно ја клеветеше Руската Федерација за заговор против Македонија, и потврди дека комичарите всушност настапиле приватно и ги искористиле неговата неодговорност и неспособност. Доколку комичарите не ги објавеа разговорите тој се уште ќе мислеше дека разговара со Порошенко и Столтенберг и ќе продолжеше да ги издава државните тајни, а воедно и да испраќа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија, стои во партиското соопштение и се додава:
„Со ваквото несериозно однесување Заев ги загрози односите на Република Македонија со нашите соседи, но и со наши докажани меѓународни партнери и пријатели. Затоа одговорност мора да има. Не е доволно само извинување од Заев бидејќи нанесена е огромна и непоправлива штета на државата. Ништо не може да го испере срамот кој го нанесува Зоран Заев. Затоа единственото негово извинување треба да е оставка од премиер и распишување на предвремени парламентарни избори. Одговорност мора да има и за последниот скандал, но и за сите секојдневни понижувања кои во континуитет Заев и СДСМ им ги нанесуваат на државата и граѓаните“.
Република Македонија, предводена од Заев, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, бележи порази, тоне во корупција и криминал, економијата е на дното, здравството уништено, образованието девастирано, а судството и обвинителството се заработени и работат по диктат на деспотот.
-Потребно е СДСМ и Зоран Заев веднаш да си заминат за да запрат штетата, криминалите и понижувањата на државата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.
Comments are closed for this post.