Република Македонија повторно извиси, Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни оваа година, oбвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните цела година дека во јуни ќе почнат преговорите за влез во ЕУ. Заев и Пендаровски добија ладен туш. Во ЕУ не се оди со криминалните шеми – „евро за црквата, евро за Вицето“. Во ЕУ не се оди со нереформирано судство и обвинителство, кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува. Во ЕУ не се оди со партизирана администрација наполената со роднини на функционерите на власта. Мира Дизел вработувањата не се европски стандард. Во ЕУ не се оди со руинирано здравство, девастирано земјоделие и лошо образование. Во ЕУ не се оди со јавен долг кој галопирачки за една година порасна за над половина милијарди евра, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека во ЕУ не се оди со 0 оценка за стопанството.
Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и пљачкање на граѓаните. Глас за Пендаровски е глас за Заев. Глас за Пендаровски е глас за пропаст на државата. Република Македонија мора да тргне напред. Република Македонија мора да стане правна држава, каде ќе владее правото. Гордана Силјановска Давкова е претседател кој ќе ги донесе промените. Глас за Сиљановска е глас против Заев и криминалите на Заеви. Глас за Силјановска е глас за просперитетна иднина, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.